Gözde Bayar,Burak Dağ
06 Јули 2020•Ажурирај: 07 Јули 2020
АНКАРА
Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа денес изјави дека во последните 24 часа во Турција од Ковид-19 оздравеле повеќе од 2.300 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Вкупно 2.315 заразени пациенти со Ковид-19 оздравеа, со што вкупниот број на оздравени лица изнесува 182.995“, изјави Коџа.
Податоците покажуваат дека во последните 24 часа се регистиррани 1.086 новозаразени лица, со што вкупниот број на заразени со Ковид-19 изнесува 206.844.
Бројот на починати од последиците на вирусот се искачи на 5.241, при што во последните 24 часа починаа 16 лица.
Во текот на изминатиот ден се извршени вкупно 52.193 тестирања, при што вкупниот број на извршени тестови изнесува над 3,68 милиони.
Пандемијата на Ковид-19 одзеде над 535.100 животи во 188 земји и региони откако за прв пат се појави во кинескиот град Вухан минатиот декември.
САД, Бразил, Индија и Русија во моментот се најтешко погодени земји од вирусот.
До сега во светот се потврдени повеќе 11,49 милиони лица заразени со Ковид-19, а бројот на оздравени надминува бројка од 6,21 милиони, покажуваат податоците објавени од американскиот универзитет Џон Хопкинс.