Dilara Hamit,Havva Kara Aydın
08 Јуни 2020•Ажурирај: 09 Јуни 2020
АНКАРА
Во Турција потврдени се повеќе од 3.400 новооздравени лица од заполени од Ковид-29, во период кога земјата постепено ги ублажува мерките воведени со цел спречување на ширење на новиот тип на коронавирус, рече министерот за здравство на Турција Фахретин Коџа, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Вкупниот број на оздравени од Ковид-19 достигна 141.380, откако повеќе од 3.411 лица се отпуштени од болниците во поретходнот оденоноќие“, наведе министерот Коџа на социјалната мрежа Твитер, повикувајќи се на податоците на Министерството за здрвство на Турција.
Министерот Коџа нагласи дека е забележан раст на бројот на оздравени пациенти и истакна на незначителниот раст на новиот број на заразени, што може да се запре со примена на маски и одржување социјална дистанца.
„Иако бројот на пациенти на интензивна нега е во раст, потребата од респиратори е намалена“, истакна министерот Коџа.
Бројката на смртни случаи во Турција од Ковид-19 се зголеми на 4.711, од кои 19 починаа во последните 24 часа.
Здравствените работници во изминатите 24 часа извршија 39.361 тест на коронавирус, со што вкупниот број на тестирања се зголеми на повеќе од 2,3 милиони. Според резултатите на испитувања, вкупниот број на лица заразени со новиот тип на коронавирус во Турција изнесува 171.121, од кои 989 се детектирани во последното деноноќие.