Gökhan Ergöçün
08 Јуни 2020•Ажурирај: 10 Јуни 2020
ИСТАНБУЛ
Турција од почетокот на пандемијата на Ковид-19 изврши извоз на околу 2.000 респиратори ширум светот, вклучувајќи 1.500 испратени за Бразил, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за технологија и индустрија на Турција, Мустафа Варанк изјави дека за време на пандемијата дошло до недостиг на медицинска опрема на глобалниот пазар и дека Турција успеала да производеде механички респиратори за сопствените потреби, но и за извоз.
Тој изјави и дека Турција развила и производство на два лека кои претходно ги увезувала од странство.
На онлајн конференцијата, турскиот министер Варанк зборуваше за важноста на тековните проекти за развој на лекови и вакцини против коронавирус, но и за успехот на Турција во производството на респиратори, кои се клучни, бидејќи отежнатото дишење е главна карактеристика на Ковид-19.
Голем број на земји се соочија со потешкотии да најдат доволно респиратори, но Турција беше во можност да започне со нивно производство за сопствени потреби, па дури и да ги извезува.
Откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан изминатиот декември, вирусот Ковид-19 се прошири во речиси 200 земји и региони во светот.
Досега, пандемијата во светот зеде над 403.000 животи, дијагностицирани се повеќе од 7 милиони случаи на вирусот, а оздравеа над 3,14 милиони, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.