Enes Kaplan
28 Јуни 2020•Ажурирај: 28 Јуни 2020
АНКАРА (АА) – Портпаролот на Претседателството на Турција, Ибрахим Калин, истакна дека Турција секогаш е покрај браќата Туркмени и Ирачани, и дека по инструкции на претседателот Реџеп Таип Ердоган подготвена е помош од медицински материјали која наскоро ќе биде испратена, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Калин одговори на објавата на претседателот на Ирачкиот туркменски фронт (ITC), Ершат Салих, на социјалните мрежи.
Салих во својата објава, во името на туркменскиот народ, им се заблагодари на сите оние што граѓаните на Ирак ги гледаат како свои граѓани.
Тој исто така истакна дека благодарение на медицинската помош што ќе пристигне од Турција, бројката на случаи со Ковид-19 во земјата ќе биде намалена.
Во врска со оваа објава, портпаролот Калин напиша: „Со инструкциите на нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган, помошта од медицински материјали се подготвува и се надевам дека наскоро ќе биде испратена. Турција секогаш е до браќата Туркмени и Ирачани.“