Berad Büyük
30 Март 2020•Ажурирај: 30 Март 2020
ИСТАНБУЛ
Европската фудбалска организација (УЕФА) во среда ќе одржи состанок со раководителите на националните фудбалски федерации на сите 55 земји-членки, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од УЕФА, европската куќа на фудбалот соопштија дека состанокот на 1 април ќе биде одржан преку видео линк.
Во соопштението се наведува дека челниците на УЕФА одржале состанок пред две недели и дека сакаат да ги разгледаат сите идеи и ставови во врска со продолжувањето на фудбалските натпревари кои се запрени поради глобалната пандемија на Ковид-19.
На состанокот ќе се разговара за термините за продолжување на купските и репрезентативни натпревари во Европа кои што сега се суспендирани.
Исто така ќе се зборува и за договорите кои фудбалерите и тренерите ги имаат со клубовите, како и за трансферите во наредниот период.