Ekip
06 Април 2020•Ажурирај: 07 Април 2020
ПАРИЗ
Франција денес забележа нов рекорден број на смртни случаи од последиците на Ковид-19 во еден ден. Починаа 833 лица, со што вкупниот број на починати од вирусот изнесува 8.911, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бројот на потврдени случаи на заразување се искачи на 74.390, од кои 54.036 во моментот се наоѓаат во болница, 7.072 се на интензивна нега, а 17.250 лица се излекувани.
Министерот за здравство, Оливиер Веган најави будност и голема операција на скрининг во домовите за старите лица. До неодамна, бројот на починати лица во старечките домови не се сметаше во вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19.
„Во борбата која ја водиме против Ковид-19, зашитата на најзагрозената популација е приоритет на Владата“, изјави Веран.
Нагласувајќи дека во земјата започнале да ги чувствуваат ефектите на мерките за забрана за движење, тој изјави дека Владата е убедена дека мерките спасуваат животи.
Ковид-19 за првпат се појави во декември 2019 година во градот Вухан, во кинеската покраина Хубеи, и се рашири во речиси 200 земји.
Податоците покажуваат дека во светот има над 1,3 милиони потврдени случаи на вирусот, над 72.600 починати и над 273.500 излекувани лица.