Tufan Aktaş
06 Април 2020•Ажурирај: 07 Април 2020
ИСТАНБУЛ
Африканската унија објави дека новиот тип на коронавирус (Ковид-19) би можел да предизвика губитоци во трговијата од околу 270 милијарди американски долари на африканскиот континент, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според извештајот за влијанието на глобалната пандемија на африканската економија, Ковид-19 веќе сега предизвика многу негативни последици во речиси сите африкански земји.
Во соопштението на Африканската унија се вели дека поради пандемијата, оваа година извозот и увозот на тој континент бил намален за 35 отсто во однос на минатата година.
Африканската унија исто така соопшти дека очекува и значаен пад на паричните дознаки од африканската дијаспора, а доколку продолжи сегашната тенденција, без работа би можеле да останат околу 20 милиони лица.
До сега коронавирусот е забележан во 51 земја во Африка. Тој е детектиран кај повеќе од 9.000 лица, а како последица од заразеност со новиот тип на коронавирусот починаа 414 лица.