Ali Kemal Akan
08 Април 2020•Ажурирај: 09 Април 2020
АНКАРА
Претседателот на Големото народно собрание на Турција, Мустафа Шентоп, изјави дека Турција не ги заборавила пријателските и братски земји од Балканот во нивната борба со новиот тип коронавирус (Ковид-19) и истакна дека Турција секогаш ќе пружа рака на помош кон своите браќа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на турскиот Парламент, Шентоп, на социјалната мрежа Твитер сподели објава во врска со помошта во медицинска опрема што Турција им ја испрати на Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Косово во борбата со пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).
Истакнувајќи дека Турција не ги оставила сами пријателските и братски земји од Балканот, Шентоп во својата објава напиша: „Турција со воен карго-авион испрати помош во медицинска опрема за Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Косово. Турција секогаш ќе пружа рака на помош кон своите браќа.“