Şenhan Bolelli
29 Мај 2020•Ажурирај: 30 Мај 2020
МАДРИД
Во Шпанија во последните 24 часа починаа две лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 27.121 лицe, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство на оваа земја.
Министерството продолжува со ревизија на претходните податоци во врска со Ковид-19, додека соопшти дека во последната недела како последица на Ковид-19 починале 39 лица.
Иако во соопштението се нагласува дека во последните 24 часа откриени се 187 нови случаи, привлекува внимание што вкупниот број на откриени случаи е наведен дека е 238.564, со што е забележан раст од 658 лица во споредба со вчерашната бројка.
Се вели дека вкупно 51.482 здравствени работници се заразени со Ковид-19.