Mustafa Deveci
29 Мај 2020•Ажурирај: 30 Мај 2020
ЗАПАДЕН БРЕГ
Израелските сили за време на интервенцијата врз демонстрацијата организирана против илегалните еврејски населени места и Sидот на поделбата (срамот) во окупираниот Западен Брег, ранија 5 Палестинци меѓу кои и Нидал Иштије, фоторепортер соработник на Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од локалните извори, Палестинците организираа демонстрации во местото Кефр Кадум во градот Наблус кој се наоѓа на Западниот Брег и во местото Нилин во градот Рамалах, со цел реагирање против илегалните еврејски населени места и Sидот на поделба.
Израелските сили со гумени куршуми и солзавец интервенираа врз демонстрантите, додека Палестинците одговорија со фрлање камења.
Четворица демонстранти како и фоторепортерот соработник на АА, Иштије, кој ги следеше демонстрациите во Кефр Кадум, беа мета на гумените куршуми на изралските сили.
Иштије е ранет во ногата, прегледан е од страна на палестинските здравствени тимови кои се наоѓале во подрачјето, и се наоѓа во добра состојба.
Иштије исто така беше ранет со гумени куршуми во ногата од страна на израелските сили за време на демонстрациите во 2017 година во Кефр Кадум.