Şenhan Bolelli
30 Мај 2020•Ажурирај: 31 Мај 2020
МАДРИД
Во Шпанија во последните 24 часа починаа 4 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 27.124 лицe, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на оваа земја ги ажурираше бројките на смртните и откриените случаи.
Министерството продолжува со ревизија на претходните податоци во врска со Ковид-19, додека соопшти дека во последната недела како последица на Ковид-19 починале 43 лица.
Во соопштението се вели дека во последните 24 часа откриени се уште 271 случај со Ковид-19, со што вкупниот број на откриени случаи се искачи на 239.228.
- Состојбата во Португалија
Владата на Португалија соопшти дека во последните 24 часа починаа 13 лица како последица на Ковид-19, со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 1.396.
Исто така, во последните 24 часа откриени се 257 нови случаи.
Досега во Португалија откриени се вкупно 32.203 случаи, додека излекувани се 19.186 лица.