Firdevs Bulut
30 Мај 2020•Ажурирај: 31 Мај 2020
АНКАРА
Турција денес објави продолжување на сообраќање на домашните авиолинии, бидејќи властите ги ублажуваат рестриктивните мерки, воведени со цел спречување на ширењето на коронавирусот (Ковид-19) и настојува животот во земјата да го врати во нормала, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот министер за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилолгу рече дека домашните летови повторно ќе сообрќаат од 1 јуни во рамките на нормализацијата по повеќемесечните ограничувања воведени поради пандемијата на Ковид-19.
Првите летови ќе бидат од Истанбул до големите градови Анкара, Измир,Анталија и Трабзон, изјави министерот Караисмаилоглу.
Бројот на опоравените лица од Ковид-19 во Турција во континуитет е во пораст во изминатите недели, а вчера вкупната бројка на излекувани достигна 125.963. Вкупната бројка на случаи на заразување е 162.120, додека од последиците од Ковид-починаа 4.489 лица.