Dzihat Aliju
17 Април 2025•Ажурирај: 19 Април 2025
СКОПЈЕ (АА) - „Дуо концерт на флејта и пијано“ во изведба на Пинар Челик, пијанистката од Туркије и флејтистката Даниела Неделковска, се одржа во Скопје во организација на Институтот „Јунус Емре“ (ИЈЕ) Скопје, под покровителство на амбасадата на Република Туркије, известува Анадолу.
На концертот што се одржа во Даут-пашин амам во историската турска чаршија во Скопје, присуствуваа претставници на турски институции и организации во земјава, љубители на уметноста и голем број гости.
Јунус Дилбер, директорот на Институтот „Јунус Емре“ Скопје, изјави дека концертот е само еден од настаните што ги организирал институтот и дека во периодот што следи ќе организираат настани од различен карактер.
Пинар Челик, пијанистката од Туркије, изјави дека концертот е показател на македонското и турското братство на културна основа.
Челик истакна дека на концертот извеле избор од делата на турски и македонски композитори и ѝм се заблагодари на амбасадата и ИЈЕ за укажаната поддршка.
Флејтистката Даниела Неделковска го опиша концертот како прекрасно искуство и изрази надеж дека љубителите на уметноста уживале во концертот заедно со нив.
„Дуо концерт на флејта и пијано“ на дуетот на Челик - Неделковска привлече големо внимание кај публиката.