Cuneyt Davut,Besar Ademi
02 Септември 2016•Ажурирај: 04 Септември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Познатиот изведувач на духовна музика Сами Јусуф во изјавата за новинарот на АА рече дека Западна Европа има многу нешта да научи од источна Европа, јавува Anadolu Agency (АА).
Познатиот изведувач на духовна музика зборуваше за АА по повод концертот што ќе го одржи во Скопје в сабота, на 3 септември. Оценувајќи го Балканот како богат регион, каде што може да се видат различни верски и етнички заедници што се формирале со векови, Јусуф рече: „Преку добрата волја на луѓето, потребата на општеството, љубовта и преку поставувањето ‘заеднички човек’ од општеството беше можно функционирањето на оваа мешано општество.
Посочувајќи дека западна Европа во однос со почитувањето има многу нешта да научи од балканските земји, Јусуф рече: „Мислам дека Западна Европа има многу нешта да научи од балканските земји во врска со почитувањето. Почнувајќи од почитта кон различноста на другите, почитта кон традициите и културата на другите, почитта кон луѓето од различни средини и кон другите етнитети“.
Тој исто така рече дека Западна Европа не е место на кое треба да се гледа со восхит во сите аспекти.
„Западна Европа има многу нешта да научи од Источна Европа. Тоа што се живее заедно е феномен за почитување и се надевам дека ќе продолжи ова и дека секогаш ќе преовладуваат мирот и љубота“.
Јусуф објасни дека сака неговите песни да ги пее и на балканските јазици и рече дека на концертот одржан во 2007 година, во Сараево, пеел и на босански јазик.
„На концертот во 2007 година, на стадионот во Сараево, ја отпеав песната „Never Forget“ (Никогаш не заборавај), којашто ја испеав од почит кон жртвите на геноцидот во Сребреница и сите други застрашувачки случувања. Во иднина можам да направам нешто и на албански. Ова сакам да го направам. Албанската култура навистина е многу богата култура“.
Зборувајќи за своите музички дела, Јусуф истакна дека од многу аспекти може да се пристапи до духовноста и дека во нив се истакнуваат вредностите и доблеста.
„Никогаш не направив напори за наметнување на верска вокација, тоа што сакам да го направам е да ги споделам вредностите. Зад религиозното верување, секој човек може да ги најде своите традиции, патишта и вредности. За мене се важни универзалните вистини, солидарноста, љубовта и мирот“,рече тој, додавајќи дека секој има своја улога со која може да го направи овој свет подобар.
Инаку, познатиот пејач во исламскиот свет, Сами Јусуф, утре од 20 часот ќе одржи концерт на националната арена „Филип II“ во Скопје.