СКОПЈЕ (АА) - Од недела, 13 ноември, со концерт организиран од културно-уметничкото друштво „Битолски конгрес“ започна агендата по повод манифестацијата „Битола слави“, посветена на 22 ноември - Денот на албанската азбука, а главната манифестација ќе биде на 22 ноември со свеченото отворање на Спомен-собата на Комитетот на азбуката и силиконските фигури на членовите на Битолскиот конгрес, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што изјави државниот секретар во Министерството за култура на Република Македонија, Бехиџудин Шехаби, целта е што повеќе да се одбележува овој значаен настан од историјата и културата на албанскиот народ.
„Проектот за Спомен-соба на Комитетот на азбуката и силиконските фигури во неа, е проект предвиден со Програмата за Владата на Република Македонија за периодот 2014-2018 година и се спроведува од страна на Министерството за култура. Вкупната вредност на проектот, чиј завршеток и го даде потребниот изглед на оваа соба, достигна до 7,9 милиони денари“ рече Шехаби.
Шехаби најави дека на отворањето на Спомен собата на Комитетот на азбуката во Музејот на албанската азбука кој се наоѓа во Битола, ќе учествуваат заменик премиерот на Македонија задолжен за спроведување на Охридскиот рамковен договор, како и претставници на локалните институции и високи претставници од Албанија.
За Албанците во Македонија, овој ден е празник и неработен ден, додека со одлука на Владата на Република Македонија од 2008 година е основан „Музејот на албанската азбука“ на местото каде што албанските научници се собраа во Битола.
Сепак, овој музеј постојано се соочува со проблеми при реновирање и сопственост.
„Што се однесува до регулирањето на екстериерот на зградата кое е од големо значење за албанската историја и култура, проектот е веќе одобрен, а ќе се реализира со помош на ИПА фондовите на Европската унија. Ако не се појави никаков неочекуван проблем, реализацијата на проектот за надворешниот изглед на зградата на Музејот на азбуката ќе треба да започне во почетокот на 2017 година“, истакна Шехаби.
Тој додаде дека прашањето на сопственоста е регулирано, но спорни се два дуќани кои се наоѓаат во просториите на музејот. Како што рече тој, за многу кратко време ќе се регулира и прашањето на дуќаните.
Манифестацијата „Битола слави“ ќе заврши со гала концертот што ќе се одржи во Центарот за култура во Битола. Концертот подготвен од страна на Оркестрот на филхармонија на Универзитетот за уметност на Албанија „Ибрахим Мади“, ќе биде диригиран од страна на Олси Ќинани, а на истиот ќе настапи светски познатиот албански виолинист Шкелзен Доли. Специјални гостин на оваа вечер ќе биде еден од најпознатите албански актери Чун Лајчи.
Инаку, Денот на албанската азбука или „Битолсиот конгрес“ го обележува состанокот на десетици албански интелектуалци од 14-22 ноември 1908 година во Битола, со цел за создавање на албанската азбука. На овој конгрес, делегатите од двете страни на Албанија и на албански здруженија и клубови од целиот свет, ја донесоа одлуката за прифаќање на латиницата со некои промени, адаптирајќи 36 букви на албанскиот јазик.
За албанскиот народ, „Битолскиот конгрес“ беше најважниот настан во почетокот на XX век, каде од неговите резултатите на 28 ноември 1912 година е прогласена и независноста на Албанија. Со ова, 22 ноември останува ден кој албанскиот народ го одбележува како „Ден на азбуката".
news_share_descriptionsubscription_contact
