Selçuk Acar
15 Ноември 2016•Ажурирај: 16 Ноември 2016
ЊУЈОРК (АА) - На аукцијата во Њујорк, за неверојатни 54,2 милиони долари беше продадена сликата „Девојки на мост“, од познатиот норвешки сликар Едвард Мунк, кој светската јавност го памети по песимизмот, немирот и стравот од осаменост. Тој како типичен претставник на експресионизмот сликаше на платно, јавува Anadolu Agency (AA)
По сликата „Крик“, делото „Девојки на мост“ е второто најважно парче ткаенина на кое Мунк во 1902 година насликал жени собрани на мост.
Токму тоа дело беше изложено на аукцијата во галеријата „Сотби“ во Њујорк, а беше купена од страна на анонимен колекционер за 54,2 милиони долари. Почетната вредност на сликата „Девојки на мост“ беше проценета на 50 милиони долари.
Сликата „Девојки на мост“, исто така, стана второ најскапо продадено дело на Мунк, со оглед на фактот што сликата „Крик“, како една од најпознатите слики во светот, во 2012 година беше продадена за рекордни 120 милиони долари.
Титулата за најскапо продадено дело „Крик“ ја носеше сѐ до моментот кога минатата година, сликата од Пабло Пикасо насловена како „Алжирските жени“ се продаде за 179,4 милиони долари.