СКОПЈЕ (АА) - ФУРКАН АБДУЛА -
Светски познатиот скопски музичар, Месут Куртиш, истакнува дека уметник не може да се стане само со талент, туку за тоа е потребен добар план и екипа, потенцирајќи дека успехот доаѓа како резултат на неверојатната трпеливост и борба.
Во интервјуто за Агенција Анадолија (АА) Куртиш зборуваше за неговиот музички живот, рече дека од мал имал интерес за уметноста, музиката.
Наведувајќи дека во раните 90-ти години за време на основното и средното училиште бил солист во Скопската група за илахии (духовна музика), Куртиш рече дека како солист со хорот на „Иса-бег медреса“ во текот на своето образование присуствувал на многу програми и организации.
Кажувајќи дека снимиле два аматерски албума со Скопската група за илахии за време на војните во Босна и Херцеговина и Косово, Куртиш рече дек сите овие искуства што ги доживеале потоа, всушност, го подготвиле за неговата иднина.
Изјавувајќи дека за време на образованието во областа на исламските науки на Универзитетот „Лампетер“ во Велика Британија се запознал со компанијата „Awakening“, Куртиш рече дека целта со неговите пријатели во оваа компанија била да ги запознаат младите муслимани од европските земји со исламската култура.
Овој музичар раскажува дека во неговиот прв албум насловен „Salavat“, што го издаде во 2004 година, пеел на три јазика.
„Во овој албум имаше дела од турскиот фолклор. Исто така имаше дела од арапскиот фолклор, регионот на Дамаск и од индискиот фолклор. Едно од најважните дела е „Kaside-i Bürde“. Со популарното касиде на имамот Бусејри, всушност, наеднаш стекнавме популарност во таа популарна средина.“
Во разговорот, Куртиш потсетува дека по албумот „Salavat“ во 2009 година го издал албумот „Sevgili“ (Љубов), албумот „Tebessem“ во 2014 година и албумот „Balagal Ula“ во 2019 година. Како што истакнува, со цел да ја претстават традиционалната и духовна атмосфера, во албумот „Balagal Ula“ не користеле електронски инструменти.
Во овој контекст, како што рече Куртиш, во албумот работеле со многу квалитетни имиња како што се музичарот Раеф, кој живее во Вашингтон, со музичката група „Inteam“ од Малезија, со јеменскиот поет Ахмед ал-Јафие и со музичарот Али Мегреби од либиско потекло.
Тој исто така рече имале можност да снимаат спотови за неколку дела од албумот „Balagal Ula“ во градовите Загван и Кајреван во Тунис.
- „Отворањето кон светот од Скопје даде неверојатни вредности на мојата личност“
Куртиш рече дека за време на неговата кариера, имал можност да работи со голем број музичари од „татковината“, како што ја опишува Турција.
„Постојат некои имиња кои би можел да ги споменам. Едно од нив е аранжерот на песната ‘Aşkınla yansın özüm (Rouhi Fidak)‘, Мустафа Чечели, со кого работевме заеднички. Тој ја аранжираше песната. Покрај тоа работевме и со многу познатиот аранжер Емре Маулкоч“, нагласи Куртиш.
Изразувајќи дека во однос на класичните дела разменувал идеи со имиња како што се Мустафа Демирџи и Фатих Коџа, Куртиш нагласи дека за време на неговата кариера работел со голем број познати музичари.
Куртиш, истакнувајќи дека муслиманите се со различно етничко потекло, рече дека тој обично своите дела ги изведува на турски, англиски и арапски јазик за да се обрати сите, и додаде дека во последниот албум имал едно дело и на јазикот урду.
„Отворањето кон светот од Скопје и посетата на различни држави мене ми додадоа неверојатни вредности“, рече Куртиш и го сподели најинтересното сеќавање за време на неговите концерти во различни делови на светот.
„Овој настан мене најмногу ме изненади. Заедно со мојот многу драгоцен брат Махер Заин пред неколку години присуствуваме на фестивал во Сингапур. Ни кажаа кој ќе присуствува и дека ќе има многу метеж. Беше многу квалитетна организација. Присуствуваа 6-7 илјади луѓе. Нашите пријатели ни рекоа: ‘40 проценти од публиката се Кинези‘. Всушност тие (Кинезите) дојдоа на нашиот концерт, само за да можат подобро да ја запознаат нашата култура и добро да ја разберат нашата музика. Тоа за мене беше многу интересно“, додаде Куртиш.
Наведувајќи ги неговите искуства во текот на неговата музичка кариера, Куртиш рече: „Во досегашната работа го научив следново: уметникот не може да постигнува успеси само со талентот, еден човек за да биде успешен треба да има добар план и да има добра екипа.“
Куртиш, истакнувајќи дека во периодот 2004-2006 година, кога социјалните медиуми не беа многу активни, имал тешкотии за изведување на неговата уметност, рече дека со пријателите во компанијата „Awakening“ имале исти цели и дека од 2006 година имале можност да ја изведуваат својата уметност во многу региони на светот преку дистрибутерите.
- „Успехот доаѓа како резултат на неверојатната трпеливост и борба“
Истакнувајќи дека во регионот нема проекти за да се отвори патот на младите луѓе во областа на уметноста, Куртиш рече дека младите само преку социјалните медиуми можат да се претставуваат на меѓународно ниво.
„Тука каде што живеам гледам и знам дека има неверојатно талентирани млади лица. Затоа што јас излегов од овие простори и ја изведувам својата уметност. Живееме меѓу различни култури“, нагласи Куртиш.
Според него, од неодамна секоја личност има шанса да ја претстави својата уметност преку социјалните мрежи, што е одлична можност на овој начин уметникот да се обраќа до милиони луѓе.
Препорачувајќи им на младите луѓе дека оваа професија не се прави само со едно дело, Куртиш рече дека пред да настапат во јавноста треба добро да се образуваат и да направат долгорочна подготовка.
„Инаку, талентот може да пропадне. Само со едно дело кариерата може да заврши пред да почне. Мојот совет е да се работи долгорочно. Препорачувам добро да анализираат што ќе треба да направат, и да подготват долгорочни планови, проекти коишто ќе ги презентираат“, подвлече Куртиш.
Тој нагласува дека младите луѓе прво мора да поминат низ многу строго образование за да успеат.
„Успехот доаѓа како резултат на неверојатна борба. Тоа доаѓа како резултат на неверојатна трпеливост и борба. Можам да кажам дека сум жив сведок на тоа. Резултатите од напорите што со трпеливост ги вложивме во првите години почнаа да стигаат со години подоцна. Ако се откажевме на почеток, не би можеле да стигнеме на ова ниво“, порача Куртиш.