Dzihat Aliju
11 Март 2016•Ажурирај: 12 Март 2016
СКОПЈЕ (АА) – Во Скопје се одржа панел дискусија на тема "Човекот на идеалот Мехмет Акиф Ерсој и Маршот на слободата" организиран под покровителство на Турската амбасада во Скопје и Турскиот културен центар "Јунус Емре" во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
На оваа панел дискусија учествуваа министерот без ресор во Владата на Република Македонија Неџдет Мустафа, Државен секретар во Министерството за култура Бехиџудин Шехаби и амбасадорот на Република Турција во Скопје Омур Шолендил.
Официјалниот дел на програмата започна со интонирање на турската национална химна. Турскиот амбасадор Шолендил во својата изјава за новинарите, истакнувајќи дека се целта на вечерашниот собир е во чест на сеќавањето на националниот поет, човекот на идеалот, лекар, политичар над сите, автор на националната химната, Мехмет Акиф Ерсој, рече:
"Придонесот на Мехмет Акиф Ерсој со неговиот живот, исто така со неговиот труд и како верски научник во однос на целото човештво е во тоа што тој има создадено прилично добра идеја и чувство. Во овој момент се потсетуваме на него и ќе ги слушнеме неговите дела".
Директорот на Турскиот културен центар "Јунус Емре" во Скопје Доц. Д-р Мехмет Самсакчи истакнувајќи дека "Маршот на слободата" е напишан во критичен период, кога турскиот народ се борел за својот опстанок, им дал надеж, возбуда и ентузијазам на турскиот народ и турските војници, изјави дека тоа е големо дело на голем поет.
Самсакчи изјави дека "Маршот на слободата" и денес го има истото значење и важност. Претседавачот на панелот Доц Д-р Сулејман Баки, истакна дека присетувањето на Мехмет Акиф Ерсој во Скопје претставува големо задоволство, како и дека Ерсој е по потекло од Балканот.
- Кој Е Мехмет Акиф Ерсој -
Мехмет Акиф Ерсој е роден на 20 декември 1873 година во Истанбул. Бил поет, учител, ветеринар, лекар, политичар. Почина во Истанбул на 27 декември, 1936 година.
Ерсој е автор на турската национална химна "Маршот на слободата". За него, често се користат синоними како "Поет на татковината" и "национален поет".
Мехмет Акиф Ерсој е поетот на турската химна, која за прв пат се изведе пред пратениците на Турскиот парламент, на 12 март, 1921 година. Мехмет Акиф Ерсој има албанско потекло од Косово.