Ekipa
05 Септември 2019•Ажурирај: 08 Септември 2019
САРАЕВО (АА) – Дванаесет документарни филмови ќе се натпреваруваат на 2. Меѓународен фестивал на документарни филмови (AJB DOC), кој ќе се организира од страна на „Ал Џезира Балканс“ (Al Jazeera Balkans), во периодот од 20 до 24 септември во Босна и Херцеговина, јавува Anadolu Agency (AA).
На фестивалот, на кој АА е Глобален партнер за комуникација, ќе бидат прикажани вкупно 23 филма, од кои 12 се дел од натпреварувачката категорија.
Тарик Ѓоѓиќ, директор на „Ал Џезира Балканс“, на прес-конференцијата во врска со фестивалот организиран под мотото „Промена“, истакна дека и оваа година ќе продолжат со истиот квалитет кој го постигнале минатата година.
Едем Фочо, директор на фестивалот, нагласи дека овој настан вклучува документарни филмови приспособени за телевизиско емитување, и додаде дека главните ликови во оваа година се жени и дека доминираат документарци со теми во врска со жени.
Ѓани Хасесиќ, еден од одговорните лица на фестивалот, рече дека 400 филмови од 21 земја се пријавиле за натпреварувачката категорија, и дека фестивалот ќе биде отворен со филмот „For Sama“.
Фестивалот има за цел да ги поттикнува авторите и документарците кои се занимаваат со социјални феномени со фокус на универзални човечки вредности, а на него ќе бидат доделени три награди, и тоа „AJB Main Award“, „AJB Program Award“ и „Награда на публиката“.
Филмовите кои ќе бидат прикажани на фестивалот, во чии рамки ќе бидат реализирани и различни работилници за млади таленти, ќе може да се следат во „Синема сити“ (Cinema City) во Сараево.