Besar Ademi
16 Октомври 2018•Ажурирај: 16 Октомври 2018
СКОПЈЕ (АА) - Во организација на Националниот историски музеј на Албанија, Националната галерија на Македонија и Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Македонија, вечерва во просториите на Националната галерија на Македонија е отворена изложбата посветена на албанската дијаспора низ вековите, под наслов „Јас сум Албанец”, јавува Anadolu Agency (АА).
Изложбата, чија тема е миграцијата на Албанците, вклучува фотографски материјали за албанската дијаспора низ вековите. Истата изложба претходно беше презентирана во главниот град на Албанија, Тирана, како и во главниот град на Косово, Приштина.

На отворањето на изложбата присуствуваше министерот за култура на Република Македонија, Асаф Адеми, кој рече дека Албанците од Македонија не недостасуваат на оваа изложба, каде се претставени албанските емигранти, кои придонеле за доброто на албанскиот народ.
„Оваа изложба, меѓу другото, исто така е признание за придонесот на албанската дијаспора во Македонија. Меѓу многуте големи имиња, сакам да ги одвојам двете Нобелови лауреати Албанци, барем досега, Мајка Тереза од Скопје и Ферид Мурад од Гостивар, кои се доказ дека Албанците во Македонија не стагнираат во придонесот на повикот: 'Јас сум Албанец', туку, исто така, водат”, рече министерот Адеми.
Во меѓувреме, претседателот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, Скендер Асани, рече дека сите овие добри нешта кои денес ги има албанскиот народ и, како што рече, ги доживува во сите области на животот, ги има токму од албанската диjаспора.

„Без албанската дијаспора, ќе немавме егзистенција во овие краеви...Благодарение на дијаспората, ние сме тука“, рече Асани.
Изложбата започнува хронолошки со слика на албансиот национален херој, Ѓерѓ Кастриот Скендербег, кога почнаа првите бранови на албанската емиграција. Изложбата содржи и фотографии од првите Арбереши со своите преселувања во јужна Италија, фотографии од Арванитите и активистите на албанската преродба.
Фотографијата од првиот емигрант во САД е важен момент од изложбата, по која доаѓаат првите патриотски фотографии во Софија, Букурешт, Каиро, Истанбул и Виена. Остатокот од изложбата е претставена преку фотографии на успешни албански личности во земјите каде емигрирале.
Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, Националната галерија на Македонија и Националниот историски музеј на Албанија на изложбата потпишаа Меморандум за соработка во областа на културата.
„Денес потврдувам со задоволство дека ги поставивме темелите на една важна соработка која ќе се материјализира и ќе биде директно со други културни производи“, рече Доријан Кочи, директор на Националниот историски музеј на Албанија.