27 Ноември 2022•Ажурирај: 29 Ноември 2022
ЕРИХОН (АА) - Еден од најголемите подни мозаици во светот се наоѓа во Ерихон на Западниот Брег, кој е под израелска окупација, јавува Агенција Анадолија (АА).
Големиот мозаик се наоѓа на подот на палатата изградена од омејадскиот калиф Хишам бин Абдулмалик во Ерихон, Палестина.
Реставрацијата на Хишамовата палата на Западниот Брег, која е завршена минатата година, траеше пет години.
Сликата на подот на замокот покажува една од три газели околу дрво, како ја лови лав, додека другите две во мир си го продолжуваат животот. Се вели дека овој приказ на мозаикот е за војна и мир.
Мозаикот е стар повеќе од илјада години, а Хишамовата палата е откриена дури во 19 век.
Проектот за реставрација чинел 12 милиони долари, а реновирањето е извршено во палатата што е уништена во земјотрес.
Големината на панелите на мозаикот е околу 835 квадратни метри, а се состои од повеќе од пет милиони парчиња. Сликата се состои од 38 комбинирани мозаички структури збогатени со геометрија, растителни и животински елементи, а на сликата има 21 камен со различна боја.
Камењата користени за реставрацијата се донесени од различни делови на Палестина. Мозаичката структура ја раскажува и историјата на палестинскиот народ.
Мозаикот е откриен на почетокот на минатиот век, но бил прекриен со песок до 2010 година.
Инаку, Хишамовата палата, која се наоѓа на листата на светско наследство на УНЕСКО, ја одразува исламската архитектура со подни мозаици, трем, џамија, чешма, двор и парна бања по примерот на римските бањи.