Selçuk Acar
18 Септември 2017•Ажурирај: 18 Септември 2017
ЊУЈОРК (АА) - На доделувањето на ТВ-наградите Еми, познати како Оскари во телевизиската индустрија, се истакнаа сериите „The Handmaid’s Tale“ (Приказната на слугинката) и „Big Little Lies“ (Големите мали лаги), јавува Anadolu Agency (AA).
Церемонијата на овогодишното 69. доделување на наградите Еми се одржа во театарот „Мајкрософт“ во Лос Анџелес.

Водител на доделувањето на наградите беше комичарот Стивен Колбер, а телевизискиот канал „CBS“ (Си-би-ес) вршеше директен пренос.
Серијата „Veep“ (Потпретседателка) во продукција на „HBO“ (Ејџ-би-о) во последните 3 години освои три награди Еми.
Телевизиската адаптација на филмот „Handmaid's Tale“, на Маргарет Атвуд, ја доби наградата за најдобра серија на полето на ТВ-серии од жанрот драма, додека актерката Елизабет Мос ја доби наградата за најдобра женска улога.
Меѓу победниците на вечерта се најде и програмата „Saturday Night Live“ (Саботна вечер во живо), во која Мелиса Мекарти ја доби наградата за најдобра актерка-гостин за улогата во којашто го имитира поранешниот портпарол на Белата куќа, Шон Спајсер.
Изненадување на вечерта беше појавувањето на поранешниот портпарол на Белата куќа, Спајсер, кој на бината одржа говор, сличен на оние што тој самиот ги кажуваше на прес-конференциите.
Серијата „Game of Thrones“ (Игра на троновите) во продукција на „HBO“, досега има освоено награди во 38 категории, но оваа година, поради задоцнетиот почеток, серијата не беше вметната на листата за кандидати.
Овогодишните добитници на 69. доделување на наградите Еми на полето серии, актери и сценаристи се:
Најдобра ТВ-серија (драма) - „The Handmaid's Tale“; најдобра ТВ-серија (комедија) - „Veep“ (HBO); најдобар актер (драма) - Стерлинг К. Браун за „Тоа сме ние“ („This Is Us“); најдобра актерка (драма) - Елизабет Мос ("The Handmaid’s Tale"); најдобар актер (комедија) - Доналд Гловер за „Атланта“ ("Atlanta"); најдобра актерка (комедија) - Џулија Луј-Драјфус ("Veep"); најдобар актер во споредна улога (драма) - Џон Литгоу ("The Crown"); најдобра актерка во споредна улога (драма) - Ен Дауд ("The Handmaid’s Tale"); најдобар актер во споредна улога (комедија) - Алек Болдвин ("Saturday Night Live"); најдобра актерка во споредна улога (комедија) - Кејт Мекинон ("Saturday Night Live"); најдобра телевизиска мини-серија - "Big Little Lies" (HBO); најдобар телевизиски филм - "Black Mirror: San Junipero"; надобар актер (мини-серија / тв филм) - Риз Ахмед ("The Night Of"); најдобра актерка (мини-серија / ТВ-филм) - Никол Кидман ("Big Little Lies"); најдобар писател на сценарио на полето комедија - Азиз Ансари и Лена Вајт ("Master of None"); најдобар сценарист на полето драма - Брус Милер ("The Handmaid's Tale"); најдобра актерка-гостин - Мелиса Мекарти.