Mustafa Melih Ahıshalı
19 Септември 2017•Ажурирај: 20 Септември 2017
БОЏНУРД (AA) - „Храмот на оганот Аспакху“ (Еспакху), кој се наоѓа во иранската покраина Северен Хорасан, е единствениот објект останат од периодот на династијата на Сасанидите, јавува Anadolu Agency (AA).
Историчарот Пејами Михнани за Anadolu Agency (AA), зборуваше за карактеристиките на објектот кој се наоѓа во Аспакху.
Оваа градба е единствениот објект од периодот на Сасанидите во северниот дел на Северен Хорасан. Објектот што некогаш следбениците на Заратустра го користеа како место за богослужба, бил изграден пред околу 1.750 години, вели иранскиот историчар Пејами Михнани.

„Овој објект е единствениот што датира од периодот на Сасанидите во северниот дел на Северен Хорасан. Објектот што некогаш се користел како место за богослужба на следбениците на Заратустра, бил изграден пред околу 1.750 години“, вели Михнани.
Тој додаде дека храмот има купола и други делови карактеристични за архитектурата на Сасанидите, кој владееле од 224 година п.н.е. до 651 година.
Покрај тоа, според неговите зборови, храмот бил изграден да биде отпорен на земјотрес.
Објектот е широк 12,5 метри, а висок 21 метар.
Михнани рече дека храмот се состои од два дела, од кои едниот е дел за молитви, а пак четири прозорци се наоѓаат на куполата и 23 на ѕидовите на објектот.
Според она што го пренесе тој, храмот пред десет години е обновен од иранската Агенција за културно наследство и туризам, а се работи и на подобрување на инфраструктурата во областа каде што се наоѓа храмот.