Hilal Uştuk
18 Октомври 2017•Ажурирај: 19 Октомври 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - На 20. октомври во Холивуд започнува 1. Холивудски фестивал на тускиот филм, чиј глобален партнер за комуникација е Anadolu Agency (АА).
Претседател на фестивалот е новинарот Барбарос Тапан, член на „Golden Globe“ (Златен глобус), а директор на фестивалот е режисерот Текин Гиргин. Фестивалот ќе се одржи во судијата на „Paramount Pictures“ (Парамаунт пикчрс), кој беше домаќин на познати филмови како што се „Кум“, „Топ ган“, „Дух“, „Ѕвездени патеки“.
Фестивалот ќе започне со специјална гала вечер на којашто се поканети холивудски и турски кинематографи. На отворањето на фестивалот ќе биде прикажан филмот „Ајла“, кој е турски кандидат за Оскар во групата „Најдобар странски филм“.
Жири-комисијата одбра 3 долгометражни и 5 кусометражни филмови, кои ќе бидат прикажани во рамките на фестивалот. Љубителите на филмот во Холивуд покрај „Ајла“, ќе можат да ги видат филмовите „Чинар“ од Мустафа Карадениз и „Истанбулско црвено“ од Ферзан Озпетек. Освен тоа, ќе бидат прикажани и филмовите „Зараза“ на Џихан Оздоган, „Среќа“ на Дагхан Оздемир, „Затворено“ на Керем Алтин, „Дупка“ од Ридван Јавуз, и „Земја“ од Онур Јагиз.
Фестивалот ќе трае 3 дена, а се очекува да учествуваат актерките Демет Акбаг, Мејрем Узерли, Бушра Пекин, Хилал Сарал, актерите Селчук Јонтем и Каан Урганциоглу, поранешниот НБА кошаркар, Хидајет Туркоглу и други познати актери, режисери, продуценти од светската кинематографија и членови на жири-комисиите на наградите Оскар и Златен глобус.
Холивудскиот фестивал на турскиот филм има за цел да го подигне имиџот на Турција и на турскиот филм на глобално ниво и да ја брендира турската кинематографија. Во рамките на фестивалот се планира да се привлече вниманието на холивудската филмска индустија кон Турција и кон турската култура, и да се обезбедат работни можности за турските продукциски куќи во Холивуд.
Фестивалот ќе трае до 22 октомври.