Adem Şalvarcıoğlu
08 Ноември 2018•Ажурирај: 10 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Во пештера на индонезискиот остров Борнео е откриен цртеж на животно за кој се вели дека е најстариот цртеж во светот, односно дека датира од пред најмалку 40.000 години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „Би-би-си“ (BBC), во оваа пештера се откриени бројни цртежи, меѓу кои и најстариот цртеж на животно откриен досега.
Се вели дека на цртежите не се нацртани апстрактни објекти, туку вистински суштества.
Се претпоставува дека цртежите се стари најмалку 40.000 години.
Во пештерата се откриени и цртежи на кои се прикажани луѓето.
Истражувачите велат дека пештерската уметност на Борнео е развиена пред 52.000 и 40.000 години.
Се вели дека во овој регион каде што се наоѓа пештерата, можно е да постојат поголем број пештерски цртежи кои чекаат да се откријат.