Sanela Crnovrsanin, Kemal Zorlak
10 Септември 2021•Ажурирај: 11 Септември 2021
САРАЕВО (АА) - На четвртиот Меѓународен фестивал на документарен филм што ќе се одржи во периодот 10 - 14 септември во Босна и Херцеговина организиран од страна на „Ал Џезира Балканс“ (Al Jazeera Balkans) годинава ќе се натпреваруваат 11 документарни филмови.
Едем Фочо, директорот на Меѓународниот фестивал на документарен филм (AJB DOC), на кој Агенција Анадолија е глобален комуникациски партнер, во изјавата за дописникот на АА рече дека фестивалот оваа година се одржува под мотото „Challenge“ (Тешкотии).
„Тешкотиите со кои се соочувавме во последно време навлекоа толку длабоко во нас што сега се гледаме само себеси и тешкотиите со кои се соочуваме. Со ова мото сакавме да покажеме дека тешкотиите што понекогаш ги преувеличуваме имаат поинаква димензија“, рече Фочо.
Наведувајќи дека на фестивалот се прикажуваат продукции од различни земји, од Индија до Авганистан, од Кенија до Босна и Херцеговина, Фочо рече дека фестивалот, кој минатата година се одржа онлајн поради Ковид-19, оваа година ќе се одржи и онлајн и во кино-салите.
Потсети на фактот дека АЏБ ДОК (AJB DOC ) наиде на поголем интерес и побарувачка отколку што се очекуваше и дека победничките продукции во првото и второто издание на фестивалот се искачија до номинациите за Оскар.
Фочо истакна дека интересот на луѓето за документарните филмови е зголемен благодарение на фестивалот: „Годинешниот фестивал ќе прикаже продукции од Азија, Европа, Африка и Северна Америка. Понекогаш е тешко да се избере кои филмови ќе бидат прикажани, бидејќи секој филм има свои карактеристики и има целна публика.“
- На фестивалот ќе биде прикажан и документарен филм кој 20 години е сниман во Авганистан -
Нагласувајќи дека меѓу филмовите што ќе се прикажуваат оваа година е и документарниот филм кој 20 години е снимен во Авганистан, Фочо рече: „Замислете да снимате филм 20 години, ова изгледа како невозможна ситуација во играните филмови. Кој би трошел толку пари да снима филм 20 години, актерите за тоа време ќе остарат. Но, тоа е специјалноста на оваа продукција, режисерот го снима малото невино момче. Тука ќе ја видите трансформацијата што се случува за кратко време и може да бидете изненадени или тажни. Благодарение на ова, вашето чувство за емпатија станува посилно.“
Фочо истакна дека на фестивалот ќе биде прикажан и индискиот документарец „Пишување со оган“ (Writing With Fire), кој беше награден на Филмскиот фестивал „Санденс“ (Sundance). Документарецот раскажува за независната борба на жените, кои се на дното на системот и кои високите класи не ги сметаат за човек.
Осврнувајќи се и на локалните продукции, Фочо посочи дека документарниот филм за историските надгробни споменици во Босна и Херцеговина е продукција што може да биде важна за земјите од регионот.
Фочо, наведувајќи дека публиката ќе има можност да гледа различни продукции на фестивалот, кои опфаќаат многу теми од политички прашања до социјални проблеми, нагласи: „Крајот на документарните филмови понекогаш е среќен, а понекогаш несреќен, но ова е одлика на документарниот филм , тоа е самиот живот, не можеш да се држиш до сценариото.“
Посочувајќи дека во овогодишниот фестивал е вклучена и категоријата СМАРТ ДОК (SMART DOC), документарни филмови снимени со паметни телефони, Фочо додаде: „Одржавме работилница на оваа тема минатата година. Бевме многу среќни за интересот што го покажаа учесниците.“
Тој нагласи дека документарните филмови снимени со паметни телефони се со ниски трошоци и дека категоријата наречена „Индустрија“ е вклучена за да се обезбеди финансиска поддршка за продукциите на документарни филмови.
Во рамките на овогодишниот филмски фестивал ќе бидат прикажани светски премиери на 6 документарни филмови, регионални премиери на 8 документарни филмови и специјални проекции на 3 документарни филмови. Покрај кино-салите, гледачите ќе можат бесплатно да го гледаат секој документарец што ќе го посакаат, на официјалната страница на АЏБ ДОК (www.ajbdoc.ba), без притоа да се регистрираат.
- На фестивалот ќе бидат доделени три награди -
Во натпреварувачкиот дел на АЏБ ДОК, ќе бидат доделени три награди: „Главна награда на АЏБ“, „Награда за програма на АЏБ“ и „Награда на публика“.
Покрај тоа што фестивалот има за цел да ги охрабри писателите и документарците што се занимаваат со општествените феномени преку фокусирање на универзалните човечки вредности, тој вклучува документарни филмови приспособени за телевизиско емитување.