СКОПЈЕ
Во Cкопје денеска се одржа прес-конференцијата на која беше најавено 11 издание на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“, кој ќе се одржи од 19 до 26 август, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како што најавија организаторите, единаесеттото издание на „Македокс" ќе се одржи од 19 до 26 август под мотото „Слеј се со тишината". Оваа година ќе има хибридно издание на фестивалот, а тоа би значело дека ќе има фестивал во живо, но и онлајн фестивал кој е новина, но исто така ново е и тоа што ќе може да го проследи публиката од целата држава.
Поради пандемијата на Ковид-19 нема да бидат присутни авторите на филмовите, но како што најавија организаторите, сепак, голем број од авторите на филмовите ќе присуствуваат на фестивалот виртуелно, при што ќе има онлајн дискусии и работилници.
Меѓу другото, како што појаснија, иако се наоѓаме во време на пандемија, „Македокс" успеа да го организира фестивалот со неговата целосна програма.
Во фокус на фестивалот е дизајнот на звук, а плакатите за фестивалот ги изработија студентите од Природно-математичкиот фестивал во Скопје.
Главниот селектор на фестивалот Петра Селишкар на прес-конференцијата ја претстави Главната програма и програмата на нови автори. Таа рече дека има одлични филмови и додаде оти се врќаат автори кои досега имале еден или два филма на „Македокс“. Публиката во рамки на Главната програма ќе може да ги погледне филмовите „Епицентар“, „Испеј ми песна“, „Кога прашината ќе слегне“, „Колектив“, „Нашата временска машина“, „Само ѓаволот живее без надеж“, „Светиот татко“, „Спиењето на Макс Рихтер“, „Среќен Божиќ, Јиву“ и „Фатени во мрежа“. За главната награда „Зрел кромид“ ќе одлучува жири составено од директори на повеќе фестивали во светот.
Во рамки на Програмата за нови автори, има премиера на филмот „Професорот“ од македонскиот автор Јордан Дуков. Во оваа програма се и филмовите „Еуфоријата на постоењето“, „Вселенски кучиња“, „Зборувај за да те видам“, „Земјата е сина како портокал“, „Ме викаат Бабу“, „Мое тело“, „Нашиот дом“, „Ништо без семејството“ и „Тунел“.
Во рамки на кратката програма или кратките документарци, од „Македокс“ организатоите информираа дека годинава имале доста пријави од регинот, од Србија, Црна Гора, Словенија, Грција и дел од нив ќе бидат селектирани на годинашното издание на фестивалот. Ќе има две македонски премиери, на „Нејзиното семејство 2010-2019“ на Елизабета Конеска и „Сите ќе умреме“ на Сашко Потер Мицевски. Во оваа програма се предвидени 15 крати наслови, од кои две се македонски премиери.
Што се однесува до студетнската програма, селектирани се 14 студентски кратки филмови и кратки кратки среднометражни филмови, од разни европски академии и некои филмови од Куба Англија и други земји.
Оваа година, организаторите соопштија дека вниманието го посветлиле и на детската прогрмаа која ќе оди онлајн.
Оваа година земја во фокус на фестивалот ќе биде Холандија.
Единаесеттиот Фестивал на креативен документарен филм „Македокс“ е коорганизиран во соработка со Кинотека и со Младинскиот културен центар (МКЦ), а поддржан е од програмата МЕДИА на Креативна Европа, Кралството Холандија, Чешка амбасада, Чешкиот културен ценатар од Софија и Град Скопје.
Проекции годинава ќе има само во Кинотека и во Младинскиот културен центар (МКЦ). Официјалното отворање на фестивалот ќе биде во Куршумли-ан во Старата скопска чаршија на 19 август.
news_share_descriptionsubscription_contact
