Handan Kazancı
24 Ноември 2018•Ажурирај: 25 Ноември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот документарен филм за богатството на легендарниот антички град Троја, премиерно беше прикажан вчера во Истанбул, при крајот на 2018 година, Годината на Троја во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Филмот, чиј режисер е Нихал Агирбаш, го носи насловот „Богатството на Троја: Стар копнеж на векот“, а се фокусира на богатствата на Троја пронајдени во Турција од страна на германскиот аматерски археолог Хајнрих Шлиман, кои подоцна се шверцувани во Германија преку Грција. Денес тие богатства се изложени во руски музеј, а се земени од Германија за време на Втората светска војна.
Режисерката Аргибаш за АА изјави дека за пишување на сценариото биле користени мемоарите на Шлиман, книги и извадоци, а биле консултирани турски и германски советници.
Таа додаде дека се послужиле од османлиси архиви.
Турскиот министер за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој, кој присуствуваше на премиерата во Истанбул, изјави дека драматуршкиот документарец успешно ја завршил Годината на Троја.
Ерсој изјави дека Турција продолжува да работи на репартрирање на богатствата во земјата на која припаѓаат.
Министерството за култура и туризам ја прогласи 2018 година за Година на Троја во знак на одбележувањето 20 години од додавањето на Троја на Листата на светско наследство на УНЕСКО.
Троја, лоцирана на ридот Хисарлик, со поглед на егејската крајбрежна рамнина, со својата историја од 4.000 години е еден од најпознатите археолошки локалитети во светот.
Троја е овековечена од страна на древниот грчки поет Хомер во неговите митски епови „Илијада“ и „Одисеја“.
Градот долго време се сметаше за потполно мистичен до откривањето на Шлиман кое започна во 1870 година.