Halil İbrahim Başer
06 Август 2016•Ажурирај: 07 Август 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Истанбул се состана со новинари и други претставници на медиумите, јавува Anadolu Agency (AA).
Средбата се одржа зад затворени врати во палатата Хубер во Истанбул a на средбата присуствуваше и заменик-премиерот на Турција Нуман Куртулмуш и министерот за енергетика и природни ресурси Берат Албајрак.
Претседателот на Управниот одбор и генералниот директор на Anadolu Agency (АА) Шенол Kaзанџи, кој исто така присуствуваше на состанокот, на претседателот Ердоган му ја претстави книгата „Обид за државен удар на ФЕТО од минута во минута”.
Станува збор за книга која ја приреди АА, и која претставува хронологија на обидот за државен удар кој го изведоа воени лица од терористичката организација ФЕТО, како и реакциите по тој обид.