Elena Trenchevska Chekovic
26 Октомври 2025•Ажурирај: 27 Октомври 2025
СКОПЈЕ (АА) - Илјадници луѓе се собраа на плажата Оушен во Сан Франциско, Соединетите Американски Држави (САД), за да учествуваат во 43-тото годишно натпреварување во правење песочни замоци, воедно и фестивал, „Sandcastle Classic“, јавува Анадолу.
Настанот, кој претставува долга традиција во Сан Франциско, има за цел да собере средства за поддршка на образованието по уметност и архитектура за повеќе од 8.500 ученици во јавните училишта во Заливската област на Сан Франциско.
Учесниците формираа тимови и создадоа раскошни скулптури од песок, покажувајќи ја својата креативност и тимска работа долж брегот.