Sanela Crnovrsanin
18 Август 2019•Ажурирај: 20 Август 2019
САРАЕВО (АА) - Светската премиера на турскиот филм „Нем“ (Dilsiz), чија тема е вкрстување на патиштата на еден мајстор за калиграфија и млад сликар, беше одржана во рамки на 25. издание на „Сараево филм фестивал“ во Босна и Херцеговина, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерата на овој филм, чиј режисер е Мурат Пај, во кого играат турските актери Озан Челик, Мим Кемал Оке, Вилдан Атасевер и Емин Ѓурсој, привлече големо внимание во Националниот театар во Сараево.
Пај даде изјава за АА пред премиерата, во која рече дека овој филм најпрвин бил планиран како документарен филм, но како што рече, бил претворен во фиктивен филм.
Тој нагласи дека во филмот излегле од вообичаениот однос меѓу мајсторот и чиракот.
„Дали и мајсторот може да побара промени? Се обидовме да направиме една приказна за мајсторот и чиракот во која се возвишува рангот на мајсторот, а не само еден профил на прекрасен мајстор, туку една зрелост и промени кои продолжуваат“, додаде тој.
Продуцентот на филмот, Мурат Ердаги, рече дека овој проект бил поддржан од турската радио-телевизија ТРТ.
„И во процесот на копродукција дадоа сериозна поддршка. Исто така, и „Албарака Турк“ го поддржа проектот. Тие имаат посебен интерес кон калиграфијата“, додаде.
Тој рече дека овој проект е посебен проект бидејќи повторно ги актуализира односите меѓу мајсторот и чиракот кои се забораваат.
- „За мене е највредниот фестивал во светот“ -
Актерката Вилдан Атасефер истакна дека не е многу позната вредноста на калиграфијата, и дека преку овој филм се обиделе да ја прикажат длабочината и важноста на калиграфијата преку мистицизмот.
„Видов дека не само пишувањето, туку и разбирањето на длабочината дава визија во животот и прекрасен став на човекот. Верувам дека сега младите ќе покажат интерес кон калиграфијата и ќе можеме да ја заштитиме нашата уметност“, истакна таа, додавајќи дека за нејзината улога во филмот добила обука за калиграфија во времетраење од три месеци.
Актерот Емин Ѓурсој рече дека Сараево овој фестивал го опишал како „цветање на степа“.
„Беше многу поразлично во Турција да ги слушнеш приказните што тука се случија пред извесно време, но да дојдеш тука и да ги видите трагите од куршумите на зградите, да посведочите, навистина е жално. Организирањето на ваков филмски фестивал ви дава голема надеж за животот. Се надевам дека ќе трае долги години. За мене можеби ова е највредниот фестивал во светот“, додаде тој.
Филмот е во продукција на „Rasathane Film“, со поддршка на Министерството за култура и туризам на Турција, а ја доби Наградата на копродукција на ТРТ.
Филмот ги тера своите гледачи да размислуваат долго и привлекува внимание со длабоките и суштински дијалози.