Dzihat Aliju
17 Март 2016•Ажурирај: 18 Март 2016
СКОПЈЕ (АА) - Денес во Скопје се одржа панел дискусија на тема „Сличности меѓу турските и македонските поговорки и идиоми” во организација на Институтот „Јунус Емре” - Скопје, во соработка со Институтот за фолклор „Марко Цепенков”, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на Институтот „Јунус Емре” - Скопје, Доц. Др. Мехмет Самсакчи, во својата изјава за новинарите рече дека поговорките, идиомите и фразите се модални изрази на еден народ кои укажуваат на неговиот став кон животот.
Тој исто така нагласи дека поговорките и идиомите се изрази што јасно укажуваат на тоа кои се луѓето, во што веруваат, што сакаат.
„Сличностите помеѓу поговорките и идиомите на македонската и турската заедница во Македонија, кои ја наследуваат османлиската култура долга 500 години, се производи кои ни даваат приказ за блискоста меѓу двата народа. Во оваа панел дискусија ќе се стави посебен акцент на оваа близина, која доаѓа од заедничкото наследство”.
Фолклористот од Турција проф Д-р Озкул Чобаноглу, во своето излагање изрази задоволство што е во Македонија, земја која може да се посочи како пример за мултикултурализмот.
„Македонија е пример кој покажува дека различните култури и оние кои припаѓаат на различни религии може да бидат заедно, можат да живеат добро и можат да се развиваат со заедничка соработка”.
Тој, исто така, истакна дека на панел дискусијата ќе одржи предавање на тема Поговорките во однос на компаративната културата.
„Поговорките се најважни елементи на еден народ кои што го моделираат менталитетот на едно општество и неговиот поглед кон светот. Заедниците кои живеат заедно се многу важен ресурс во однос на друга култура без да се прави отуѓување (на едната култура) туку со емпатија (кон истата)”.
Од друга страна проф д-р Боне Величковски од Институтот за фолклор „Марко Цепенков”, рече дека во оваа панел дискусија учествува со предавањето на тема Поговорки на турски и македонски јазик.
„Се работи за народни поговорки и разни други изрази кои што ги има во турскиот и македонскиот јазик. Се работи за поговорки за здравјето и проблемите околу здравјето. Тука има два вида на поговорки кои кореспондираат меѓу двата јазика. Има буквални и еквивалентни. Има многу заеднички поговорки коишто се должат на заедничкиот петвековен соживот”, рече Величковски.
На настанот присуствуваше вториот секретар на Турската амбасада во Скопје, Jусуф Зиja Кенар, како и претставниците на турските институции и компании во земјата и голем број љубители на уметноста.