Mustafa Çiftçi,Servet Tümer
24 Септември 2016•Ажурирај: 25 Септември 2016
АНТАЛИЈА (АА) - Сулејман Демир (74) од Серик, турската област Анталија, веќе шест децении рачно изработува ножеви направени од челик и рог, јавува Anadolu Agency (AA).
Демир, кој за себе вели дека е последниот во Серик кој се занимава со овој вид на работа, секое утро ја отвора скромната продавница, која се наоѓа покрај неверојатни хотели со пет ѕвездички.
Ѕидовите на неговото „ателје“ се покриени со примероци од уметничките дела на Демир.
Тој и покрај високите температури, веќе неколку децении ја подготвува печката и внимателно го одбира најдобриот челик, кој подоцна ќе го обликува и од него ќе направи уникатен нож.
Додека се загрева печката, тој го подготвува рогот за кој смета дека на ножот ќе му даде посебен изглед, а потоа почнува процесот на изработката.
Посетителите привлечени од звуците на чеканот, можат да го видат Демир како ги брише капките пот од челото.
Единствената желба на мајсторот што ножевите на кои нема да заработи ги сместува на полица, е неговиот занает да не се заборави.
Тој вели дека работата веќе на 13-14 години ја научил од својот татко, и ја продолжил семејната традиција, и додава дека не е лесно да се заработи лебот.
„Зарем има нешто лесно? Со години ја отворам продавницата и почнувам со работа. Јас сум во пензија, но и понатаму удирам со чеканот само за овој занает да не заборави“, вели Демир.
Тој нагласи дека се малкумина оние што се занимаваат со традиционална изработка на ножеви.
„Не постои лесна работа. Загреваме, свиткуваме, исправаме. Создаваме нешто од ништо. Ги нема веќе оние што ја работат оваа работа. Некогаш бевме 8-9 луѓе што работевме, сега веќе не е така. Се појави пресата. Човекот прави нож без да го допре. Не става натпис рачно. Се прави на машина. Ние се мачиме да загрееме, исковаме, оладиме...“, рече Демир.
Според неговите зборови, младите не се заинтересирани да се занимаваат со оваа работа, повеќе се заинтересирани за работа во хотел.
„Нема веќе такви што се заинтересирани за занает. Одат да работат во хотели, во администрација. Јас сум во пензија, но сѐ уште не можам да ја напуштам работата“, рече тој, додавајќи дека својот син го научил на занаетот и дека денес тој има своја продавница.