Salih Şeref
21 Август 2021•Ажурирај: 23 Август 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Турција и Пакистан ќе копродуцираат телевизиска серија за животот на Салахудин ал-Ејуби, познатиот муслимански војсководец, кој на Запад е познат како Саладин, јавува Агенција Анадолија (АА).
Откако ја прифатија понудата за проектот од пакистанската продукција „Ansari & Shah Films“, продуцентот Емре Конук, сопственик на турскиот „Akli Films“, денес соопшти дека постигнале договор.
„Среќна вест во благословената петочна вечер! Потпишан е договор помеѓу 'Akli Films' и 'Ansari&Shah Films' за 'Султанот Селахудин Ејуби'“, напиша Конук на Твитер.
Тој посака меѓународниот заеднички проект да биде од корист за Турција и културно-уметничкиот свет во земјата.
Серијата, во која ќе бидат ангажирани актери од Турција и Пакистан, ќе се снима во Турција и се планира да има три сезони.
Конук истакна дека е среќен за проектот и покрај свесноста за потешкотијата за прикажување на „оваа голема личност која остави свој белег во историјата и во целиот свет“.
Салахудин ги порази крстоносците и повторно го освои Ерусалим во 1187 година.