Selahattin Özbozkurt
21 Август 2021•Ажурирај: 22 Август 2021
МЕРСИН (АА) - Во јужна Турција пронајдени се најмалку 159 историски артефакти, додека еден криумчар е приведен, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според безбедносните службеници, артефактите, за кои се верува дека потекнуваат од римската епоха, се пронајдени во операција во подрачјето на Тарсус во турската област Мерсин.
Запленето е и возилото што го користел осомничениот.
Артефактите се доставени до надлежните органи во Тарсус.