Sena Güler
21 Септември 2018•Ажурирај: 23 Септември 2018
ВАН (АА) - Група археолози при ископувања на локалитет во Турција пронајдоа мелнички камен кој датира од периодот на Ураратското Царство, јавува Anadolu Agency (AA).
Ископувањето во Ураратската тврдина во Чавуштепе открија камен, стар 2.700 години, кој се користел за мелење зрнести производи во подрачјето на источен Ван.
Правоаголниот камен, со димензии 54 на 30 сантиметри, бил користен низ вековите, изјави за АА, Рафет Чавушоглу, раководител на тимот за ископување и професор по археологија на Универзитетот „Јузунџу Јил“ во Ван.
„Овој камен го користеле луѓето за мелење одредени зрна како јачмен и пченица по отфрлањето на номадството“, истакна Чавушоглу.
Тој додаде дека тоа е четвртиот камен откриен од 2014 година, односно од почетокот на ископувањата во тврдината, изградена од страна на краот Сардури II, во 750 година пр. н.е.
„Кога ги испитувавме камењата, сфативме дека тие се едни од најважните алатки во исхраната на луѓето“, рече тој.
Чавушоглу, исто така, рече дека за време на ископувањата биле откриени и околу 120 глинени садови, за кои се смета дека се употребувале во текот на зимата за складирање жито.