Ekipa
05 Април 2018•Ажурирај: 06 Април 2018
ПАРИЗ (АА) - Филмот на шпански јазик „Everybody Knows“ со холивудската ѕвезда Пенелопе Круз, оваа година ќе го отвори Канскиот филмски фестивал, пренесува Anadolu Agency (AA).
Психолошкиот трилер ќе биде првиот филм од 2004 година кој ќе ја отвори престижната филмска смотра, а да не е снимен на англиски или на француски јазик.
Организаторите на Фестивалот денес соопштиja дека филмот на иранскиот режисер Асгар Фархади ќе го отвори Фестивалот кој ќе трае од 8 до 19 мај.
Филмот ги следи семејните интриги и морални дилеми на жена, чиј живот ќе се сврти наопаку кога ќе ја напушти Аргентина и ќе отиде во Шпанија.
Заедно со Круз, во филмот глуми и шпанската ѕвезда Хавиер Бардем и аргентинскиот актер Рикардо Дарин.
Фархади е добитник на најпрестижната филмска награда „Оскар“ за филмовите: „A Separation“ и „The Salesman“ во категоријата Филмови надвор од англиското говорно подрачје.
Жирито на Фестивалот е предводено од актерката Кејт Бланшет.