ТОКИО (АА) - Жителите на Јапонија покажаа незадоволство што годинашниот Оскар за најдобар филм го доби „Опенхајмер“, филм во кој се зборува за трката за развој на атомска бомба што ги уништи јапонските градови пред 78 години, известува Анадолу.
Биографскиот филм за животот на физичарот Џ.Роберт Опенхајмер е добитник на седум Оскари на доделувањето на наградите Оскар овој викенд откако заработи 954 милиони долари од прикажувањето низ светот.
Меѓутоа, филмот не е прикажан во Јапонија, единствена земја бомбардирана со атомска бомба, со која САД ги нападнаа Хирошима и Нагасаки пред крајот на Втората светска војна.
Филмот, во кој се зборува за процесот при кој група научници дизајнираат атомска бомба, прикажан е во многу земји од јули 2023 година, а кон крајот на овој месец треба да се најде и пред публиката во Јапонија.
Прикажувањето на филмот, кој е критикуван поради „прикривањето на човечката цена“ на атомската бомба, е одложено поради дискусиите за неговата содржина и промоција.
Јапонците реагираа на доделувањето на наградата на филмот „Опенхајмер“, во кој се зборува за развојот на атомската бомба што ги уништи нивните градови пред 78 години.
Мнозинството Јапонци со кои разговараше дописникот на АА сметаат дека би биле недоволни оценките за филмот без да биде погледнат, кој во нивната земја ќе почне да се прикажува на 29 март.
- „Сакаат ли да ги видат трагичните последици од атомската бомба“
Јапонецот по име Нагаи тврди дека САД ја користеле атомската бомба за изведување обиди врз јапонскиот народ.
Што се однесува до можноста да се зголеми интересот на странските туристи за Хирошима по гледањето на филмот, Нагаи рече: „Тешко е да се каже тоа, но дали тие би сакале да ги видат трагичните последици на атомската бомба? Мислам не.“
Нагаи додаде дека не планира да го гледа филмот.
- „Доколку можат да го разберат ужасот гледајќи го филмот, можеби би сакале да ги посетат“
Макабе изјави дека ги видел рекламите за филмот што ќе почне да се прикажува кон крајот на месецот, но дека не сака да го гледа.
„Доколку луѓето можат да ги разберат ужасот и штетата што ги предизвика атомската бомба гледајќи го филмот, можеби би сакале да ја посетат Хирошима“, додаде Макабе, подвлекувајќи дека сѐ уште не се сфатени трагичните последици на атомската бомба фрлена врз неговата земја.
- „Верувам дека ќе се чувствувам лошо доколку го гледам“
Јапонецот Кобајаши, роден 1942 година, во време на Втората светска војна, рече дека лично ги преживеал тие години, опишувајќи ги како „тешкотии и сиромаштија“, при што додаде дека сѐ што е поврзано со нуклеарното оружје го гледа како непотребно.
Зборувајќи дека Јапонците „ја научиле лекцијата“ од атомската бомба, која ја опиша како „страшна“, Кобајаши рече: „Верувам дека ќе се чувствувам лошо доколку го гледам (филмот).“
Напоменувајќи дека ги посетил градовите Хирошима и Нагасаки, Кобајаши рече дека му е важно луѓето да почувствуваат „колку атомската бомба е страшна работа“, доколку имаат можност.
„Модерните млади Јапонци не ги знаат фактите и веројатно ќе го гледаат филмот. Младите луѓе гледаат филм и доживуваат чувство на 'беше супер, беше добро', но атомската бомба беше страшна“, наведе Кобајаши.
- Дел од наградите Оскар за филмот „Опенхајмер“
Викендов филмот на Кристофер Нолад „Опенхајмер“, за животот на американскиот физичар Џ. Роберт Опенхајмер, освои седум награди Оскар, вклучително и наградата за најдобар филм.
Нолан, автор на филмот номиниран во 13 категории, постигна голем успех освојувајќи ја наградата за „најдобар режисер“, со што првпат ја освои златната статуетка.
Ирскиот актер Килијан Марфи, кој во филмот го глумеше Опенхајмер, ја освои наградата Оскар за најдобар актер.
Роберт Дауни Помладиот, кој го привлече вниманието со улогата во „Опенхајмер“, познат е по славата стекната со ликот на „Iron Man“, го освои својот прв Оскар во категоријата „најдобар спореден актер“.