Senada Ibraimova
24 Ноември 2016•Ажурирај: 25 Ноември 2016
СКОПЈЕ (АА) – Во авион на „Туркиш Ерлајнс" во Скопје, пред полетување на вчерашниот лет со број ТК1006, бил пронајден мобилен телефон чиј сопственик не е познат, по што обезбедувањето ги изврши сите контроли и авионот полета без никакви проблеми, јавува Anadolu Agency (AA)
Претставништвото на „Туркиш Ерлајнс" соопшти дека на 23. ноември 2016 година пред навременото полетување на летот Скопје – Истанбул со број ТК1006, пронајден е мобилен телефон, чиј сопственик не е познат.
Оваа компанија упати молба до јавноста да се занемари секоја неофицијална информација, која евентуално ќе излезе во јавноста, а како официјална изјава единствено да се смета ова соопштение.
„Поради пронајдениот сомнителен предмет, спроведени се стандардните безбедносни процедури, според партнерските и меѓународните правила, како и дополнителни мерки на иницијатива на одговорните за безбедност на аеродромот. По превземањето на целосната контрола и безбедност на ситуацијата, авионот полета во 22:45 часот по локално време", стои во соопштението од „Туркиш ерлајнс".
Оттаму упатија извинување до патниците, поради неочекуваниот настан.
„Најпрво, сакаме да им се извиниме на нашите ценети патници, поради неочекуваниот настан и доцнењето на летот, за чиешто остварување беше нужно да се осигура безбедноста. Сакаме уште еднаш да потенцираме дека, како Туркиш Ејрланс даваме значително внимание на безбедноста и задоволството на патниците“, се вели во соопштението.
„Туркиш Ерлајнс" е компанија која има летови до најмногу дестинации во светот и има мисија да ја поврзе Македонија преку Истанбулскиот транзитен центар со светот, а партнерството и целосната координација со македонските авторитети ги има и истите продолжуваат без прекин уште од 1998 година.
Одговорните од претставништвото му се заблагодаруваат на македонскиот народ за довербата во бренд, а на македонските авторитети за за успешното и безбедно решавање на оваа ситуација.