Senita Şeherçehayiç
15 Февруари 2016•Ажурирај: 16 Февруари 2016
БРИСЕЛ (АА) - Одлуката за поднесување на апликација за членство на Босна и Херцеговина во Европската унија уследи по месеци напорна работа на домашните лидери и веруваме дека претставува одраз на стремежот на граѓаните на БиХ и заеднички го прославуваме заедничкиот ден, наведува во заедничка изјава високата претставничка и потпретседателка на Европската Комисија, Федерика Могерини, и комесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан, јавува Anadolu Agency (AA).
„Босна и Херцеговина денес поднесе барање за членство во Европската унија. Оваа одлука уследи по месеци напорна работа на домашните лидери и веруваме дека претставува одраз на стремежот на граѓаните на Босна и Херцеговина. Заеднички го прославуваме денешниот ден”, се наведува во изјавата.
Могерини и Хан потсетуваат дека пред само две децении на Балканот е испишана една од најужасните страници на европската историја.
„Денес славиме уште еден чекор кон обединувањето и мирниот континент. Во ваквите предизвикувачки времиња потребно ни е единството. Во време кога одредени сили ширум нашипот континент го доведуваат во прашање самото постоење на нашата Унија, барањето на Босна и Херцеговина покажува дека потребата за обединет европски континент сè уште е силно присутна меѓу нашите народи”, порачаа Могерини и Хан.
Одлуката за поднесување на барањето им припаѓа единствено и исклучиво на граѓаните на БиХ, наведуваат и додаваат, „но како Европска унија, заедно со нашите меѓународни партнери и меѓународни финансиски институции, вложивме многу во јакнењето на европските перспективи на Босна и Херцеговина”
„Само еден месец по преземањето на мандатот во 2014 година, ние двајца го посетивме Сараево. Во моментот кога европската перспектива на Босна и Херцеговина изгледаше мрачно, одлучивме да го обновиме пристапот на Унијата кон Босна и Херцеговина. Новиот пристап се темели врз одлуката на прво место да се стават конкретните проблеми, т.е граѓаните да бидат на прво место, како еден прагматичен, но и симболичен избор, имајќи в предвид дека подобрувањето на животот на нашите граѓани е самата причина за постоењето на Унијата. Достигнувањата во изминатата година на реформите во поширок план се импресивни. Всушност, денес не би ни биле овде да не беше лидерството на оваа земја. Сè додека сите лидери и сите нивоа на власта соработуваат во остварување на заедничката цел, политичкиот систем на БиХ ќе одговара на потребите на своите граѓани,” се наведува во изјавата.
Порачуваат дека сега мора да се искористи постигнатиот замав и да се продолжи вредно да се работи. Потребно е да се спроведат реформи за унапредување на стопанскиот раст и социјалната правда, владеењето на правото и реформа на јавната администрација. Функционалноста на институциите на Босна и Херцеговина и понатаму остануваат приоритет, вклучувајќи ја и ефикасноста и функционалниот механизам на координација по прашањата кои се однесуваат на Европската унија.