Hasan Esen
27 Февруари 2016•Ажурирај: 28 Февруари 2016
БРИСЕЛ (АА) - Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, во соопштението за договорот за делумен прекин на огнот во Сирија, наведе дека "договорот е прва шанса да се стави крај на конфликтот, и дека таа шанса не треба да се пропушти", јавува Anadolu Agency (AA).
Могерини потсети дека Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) вчера ja усвои резолуцијата за прекин на огнот во Сирија, додавајќи дека оваа можност не треба да се пропушти.
"Доколку се одржи прекинот на огнот ќе се воспостават услови за непречено и континуирано движење на луѓето и испорака на хуманитарната помош. На овој начин, специјалниот претставник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура, ќе биде во можност да ги започне преговорите за Сирија во Женева. Како меѓународна заедница, ние и страните на конфликтот имаме обврска да не ја пропуштиме можноста која ќе спаси животи и ќе постави пат на мировен процес во Сирија", се вели во соопштението.
Советот за безбедност на Обединетите нации во петокот усвои план кој треба да ги запре борбите во Сирија, само еден час порано пред неговата реализација да стапи на сила.
Во резолуцијата, која беше усвоена едногласно, на 15-те членки на Советот за безбедност побара прекин на непријателствата во Сирија со посредство на Русија и на САД.