Almir Terzic
10 Декември 2015•Ажурирај: 11 Декември 2015
САРАЕВО (АА) - На Меѓународниот ден за човекови права оваа година е и овогодинешното одбележување на 50-годишнината од усвојувањето на Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и Меѓународниот пакт за економски, општествени и културни права, кои се потпишани во 1966 година, истакна Федерика Могерини, висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија во име на ЕУ, по повод Меѓународниот ден на човековите права, 10-ти декември, јавува Anadolu Agency (AA).
Во овие клучни договори изложени се граѓанските, политичките, економските, културните и социјалните права кои им припаѓаат на луѓето од раѓањето па во текот на целиот живот, кои ја променија судбината на голем број луѓе.
Во светло на сè поголемите закани по човековите права и владеењето на законот, како и во контекст на светската економска криза, сиромаштија и сè поголемата нееднаквост, овие договори претставуваат темели во работата на Европската унија за унапредувањето и заштитата на човековите права и основните слободи. Освен тоа, благодарејќи на овие договори во правна смисла се гарнтира универзалноста, неделивоста и меѓусебната поврзаност на човековите права и основните слободи.
Новиот акционен план за човековите права и демократија, кои ЕУ ги усвои во јули оваа година, става акцент на значењето на сите споменати права и конкретни акции, настојува да ги унапреди и да го осигура нивното почитување. Освен тоа, ЕУ како и досега е посветена на пружањето поддршка на организациите на цивилното општество и сите други актери кои се залагаат за почитување и заштита на човековите права, било тие да се граѓански, политички, социјални, економски или културни. ЕУ постигнува добри резултати во пружањето поддршка на бранителите на човекови права ширум светот, а и самата е убедлив пример за тоа дека многубројни предности произлегуваат од динамичното цивилно општество.
„Нашата мрежа на делегации на ЕУ и амбасади на државите членки ширум светот, специјалниот претставник на ЕУ за човекови права Ставрос Ламбриндинис, нашите тимови во главните градови на државите на ЕУ, на денешен ден ги здружуваат силите во прославувањето на меѓународниот ден на човековите права и продолжуваат за нив да се заложуваат, да ги бранат и промовираат каде ѝ да се загрозени“, наведе Могерини.