Gamze Türkoğlu Oğuz
08 Ноември 2016•Ажурирај: 08 Ноември 2016
ЊУЈОРК (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Бан Ки-мун, предупреди дека забраната за употреба на хемиско оружје во Сирија се претворила во „ослабено табу“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот што го претстави пред Советот за безбедност, повикувајќи се на извештајот на Организацијата за забрана на употреба на хемиското оружје (OPCW), генералниот секретар Бан ја искажа својата голема загриженост од употребата на хемиското оружје во Сирија или во кое било друго подрачје на светот, денеска или во иднина“.
Генералниот секретар на ОН во своето писмо напиша: „Императив е одговорните за употребата на хемиско оружје да сносат одговорност“.
Екипата на OPCW ги истражува наводните обвинувања за користење на хемиско оружје во Сирија за да најде докази за употребата на хемиското оружје.