Emel Öz Gözellik
02 Ноември 2017•Ажурирај: 02 Ноември 2017
СЕУЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакна дека НАТО сојузот е подготвен против евентуални напади со балистички проектил од каде и да доаѓаат тие, јавува Anadolu Agency (AA).
„Одлучни сме да спречиме и да одговориме на секаков напад. НАТО сојузот е подготвен за нападите со балистички проектили, од каде и да доаѓаат тие“, рече на прес-конференција Столтенберг, кој се наоѓа во посета на Јужна Кореја.
Тој истакна дека Северна Кореја развива балистички проектили кои можат да ги погодат Северна Америка и Европа, и посочи дека НАТО сојузот е фокусиран на примена на дипломатски, економски и политички санкции против Северна Кореја.
Во меѓувреме, на состанокот меѓу Столтенберг и јужнокорејската министерка за надворешни работи, Кан Ќунг-ва беше потпишана нова програма за партнерство.