ЕЛБАСАН (АА) - На покана на албанскиот министер за здравство, Илир Беќај, турскиот министер за здравство Реџеп Акдаг, на 27-28 октомври престојуваше во официјална посета на Албанија. Во интервју за Anadolu Agency (АА), министерот Реџеп Акдаг зборуваше за неговата посета на Албанија, состаноците и преговорите водени со претставници на албанската држава, прашањето на терористичката организација ФЕТО и други теми.
Тој рече дека двете земји веќе долго време се во многу добри односи во областа на здравството.
„Ние одржавме различни средби и посети во Тирана, вклучувајќи една болница и еден здравствен центар. Веќе долго време ние сме во многу добри односи со Албанија во областа на здравството. Заедно со мојот колега работиме за да се изгради систем во областа на здравството, имено, развој на здравјето на Албанија и испраќање на албански граѓани кои имаат потреба од лекување во Турција. Додека денеска го посетив Елбасан, град кој е ослободен во времето на Фатих Султан Мехмет Хан. Сега сме пред една тврдина. Тука сме биле добро причекани. Јас и мојот тим се чувствуваме како дома. Нормално ова не може да се направи со сила, туку со метода која се нарекува 'патека од срце до срцето' ", рече турскиот министер.
Тој вели дека верува дека односите меѓу Турција и Албанија во наредните години ќе бидат понатаму развиени и уште многу подобро.
„Нашата соработка ќе биде во образованието, трговијата и економските односи, туризмот и особено за теми кои се поврзани со мене како што се: областа на здравството, здравствениот туризам, размена на мислења, изградбата на здравствениот систем и слично. Тука поминавме два многу добри дена. Мојот тим дојде овде пред неколку дена, и врз основа на нивната четридневна работата тие поднесоа еден извештај за здравствениот систем кој внимателно ќе го оценуваме", рече министерот Акдаг за АА.
Според него, во Албанија има многу можности каде што може Турција да помогне, во кој се наведува дека преку Турската агенција за координација и развој (ТИКА) се направени многу добри активности.
„На пример џамијата во која ја извршивме петочната молитва е обновена од страна на ТИКА. Но, јас ова прашање не го гледам како инвестирање само од ТИКА. Развојот на системите, трговија, растот на меѓусебното советување, се најважните аспекти на оваа работа. Нормално, ова што го правиме ќе продолжи и понатаму. Преку ТИКА, исто така може да има и други бенефиции. На пример, помошта во областа на медицинските ја гледам многу важна, бидејќи тоа е стабилна и долгорочна поддршка" вели министерот Акдаг.
Меѓу другото, министерот за здравство на Република Турција се осврна и на прашањето во врска со терористичката организација ФЕТО, истакнувајќи дека ова прашање е му е посветено внимание за време на состаноците во Албанија.
„Преку Фондацијата Маариф која е ново отворена можеме да ги дадеме сите потребни услуги кои организацијата ги обезбедува во областа на образованието овде. Дознав дека имаат инвестиции и во здравствениот сектор во Албанија. Во овој поглед ние баравме да се направи што е потребно. Доволно е Албанија во борбата против терористичката органицаија ФЕТО да го направи тоа што треба и да биде со Турција", рече министерот Акдаг.
Во однос на прашањето за реакција на албанската влада за чекорите против терористичката организација ФЕТО, министерот Акдаг изјави:
„Немав можност да се сретнам со премиерот. Разговаравме со колегата министер за ова прашање. Ги објаснивме нашите тези и тоа што се случи во Турција. Ова прашање ќе продолжи да се дискутира на ниво на министерствата за надворешни работи и владите. Верувам дека Албанија во однос на ова прашање ќе реагира соодветно."
news_share_descriptionsubscription_contact
