Nilay Kar
18 Февруари 2019•Ажурирај: 19 Февруари 2019
АНКАРА (AA) - Министерот за внатрешни работи на Република Турција, Сулејман Сојлу, во понеделник изјави дека околу 312.000 Сиријци се вратија во своите домови по антитерористичките операции на Турција на северот на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Сојлу во Анкара изјави дека 311.968 Сиријци се вратија во своите домови откако операциите „Маслинова гранка“ и „Штитот на Еуфрат“ обезбедија мирна средина.
Од 2016 година, Турција во операциите „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“ на северот на Сирија од терористите на ЈПГ/ПКК и ДЕАШ ги ослободи подрачјата меѓу кои се Ал-Баб, Африн и Азаз, и така им овозможи на Сиријците што избегаа од таа земја да се вратат во своите домови.
Во војната во Сирија загинаа или се раселени стотици илјади цивили, повеќето од нив во воздушните напади на режимските сили на подрачјето под контрола на опозицијата.
Сојлу додаде и дека во Турција се наоѓаат повеќе од 3,6 милиони Сиријци кои побараа меѓународна заштита.
Турција за сместување и помош на бегалците од почетокот на војната во Сирија издвои повеќе од 32 милијарди долари сопствени ресурси.
Турскиот министер изнесе и нови податоци за оваа година за илегалните миграции и операциите во тие рамки во Турција.
Истакна дека во првите пет недели од 2019 година во Турција се фатени 6.523 непријавени мигранти.
Турција е главна рута за бегалците и мигрантите кои се обидуваат преку нејзината територија да преминат во Европа.