Gökhan Ergöçün
18 Февруари 2019•Ажурирај: 19 Февруари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - „Турција им придава големо значење на поддршката на младите претприемачи“, рече министерот за младина и спорт на Турција, Мехмет Касапоглу, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турција има младина која може да основа сериозни претпријатија во иднина, како што тоа го правеа во минатото“, рече Касапоглу на Светскиот инвестициски форум на бизнис-ангели (WBAF) во Истанбул.
Тој укажа на фактот дека многу водечки компании во светот биле основани од млади поединци или неколкумина од нив.
„Светот константно е во процес на развој, а Истанбул е центар на подрачјето кое е локомотива на економскиот развој“, рече Касапоглу.
Бајбарс Алтунташ, челникот на WBAF, додаде дека денешните потрошувачи имаат поголема потреба од иновации отколку од пронајдоци.
Тој истакна дека претприемачите кои овозможуваат нови работни места и вредности, би требало активно да трагаат по иновации.
На дводневната конференција на Светскиот инвестициски форум на бизнис-ангелите (WBAF), чиј голбален комуникациски партнер е Anadolu Agency (AA), се собраа околу 1.000 угледни светски претприемачи и инвеститори од сите делови од светот.
Во рамките на конференцијата, ќе бидат одржани 23 панели на кои свое обраќање ќе имаат 110 говорници од 42 земји, а се планира одржување и на работилници и други активности.
Организаторите очекуваат инвеститори од 82 земји, на кои последниот ден од форумот ќе им бидат презентирани бројни проекти.