Ekipa
18 Март 2017•Ажурирај: 19 Март 2017
АНКАРА (АА) - Портпаролот на Претседателството на Турција, Ибрахим Калин, остро ги осуди германските власти поради тоа што им дозволија на поддржувачите на терористичката организација ПКК да маршираат во градот Франкфурт, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение, портпаролот Калин рече дека не е можно да се објаснат тврдењата на германските власти дека средбите на избраните турски претставници со граѓаните се опасни, а ги третираат терористите како легитимни актери.
„Она што се случи денес (во Германија) е јасна поддршка на тероризмот“, додаде Калин. „Оние, кои се обидуваат да го објаснат овој непријателски однос со слободата на изразување и собирање, треба да се однесуваат сериозно“.
Портпаролот Калин истакна дека некои европски земји, со оглед на тоа што се случи во Франкфурт, денес, „направија обид за мешање во однос на референдумот што ќе се одржи на 16. април во Турција и го зазедоа ставот 'не' за референдумот“.
„Ние уште еднаш ги потсетуваме европските земји дека Европа нема да одлучува на 16. април, туку турскиот народ“.
Денес, германските власти им дозволија на поддржувачите на терористичката организација ПКК да одржат марш во Франкфурт, откако неодамна ги спречија турските министри и политичари да им се обратат на турските гласачи во земјата.
Околу 9.000 луѓе учествуваа на маршот во централниот германски град Франкфурт со забранети постери и знамиња на ПКК, отворено спротивставувајќи и се на забраната на федералните власти за терористички симболи на јавни места.
Поддржувачите на ПКК, исто така, носеа и забранети постери и знамиња и извикуваа слогани против Турција, и покрај тоа што Министерството за внатрешни работи на 2 март ја ажурираше својата листа на забранети ПКК симболи, вклучувајќи ја и сликата на затворениот водач на терористичката организација Абдула Оџалан.
Германската полиција соопшти дека на групата и било дозволено прославувањето на Невруз (пролетен фестивал) денес, во два дела од градот, додавајќи дека главни теми на собирот била прославата на Невруз, „Слобода за Оџалан“ и „Слобода на Курдистан“.
Ова се случи и покрај недозволувањето на германските власти за одржување на дваесетина планирани собири од страна на владините турски министри или политичари во пресрет на референдумот на 16.април за уставни измени во Турција.
Речиси 3 милиони турски доселеници живеат во Германија, а околу половината од нив имаат право на глас на претстојниот референдум во април во Турција, во врска со предложените уставни промени за транзиција кон претседателскиот систем на владеење, меѓу другите промени.
Германија ја забрани ПКК во 1993 година, меѓутоа, групата се уште е активна во земјата, со повеќе од 14.000 следбеници.
Бидејќи претходно употребата на знамето на ПКК беше забрането од страна на германските власти, следбениците на групата често носат знамиња со ликот на Оџалан на митинзи организизрани низ целата земја, иако таа слика исто така неодамна беше забранета.
ПКК е прогласена за терористичка организација од страна на Турција, САД и ЕУ. Таа ја продолжи својата вооружена кампања против Турција во јули 2015 година и оттогаш е одговорна за смртта на околу 1.200 припадници на турските безбедносни сили, вклучувајќи жени и деца.