Etem Geylan
11 Август 2017•Ажурирај: 12 Август 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изрази надеж дека заканите меѓу САД и Северна Кореја нема да прераснат во судир со нуклеарно оружје, јавува Anadolu Agency (AA).
„Околу 16 земји во светот достигнаа сериозно ниво кога станува збор за развојот на нуклеарното оружје. Меѓу нив се и трите земји чиј потенцијал во оваа смисла е огромен. Се надеваме дека заканите меѓу САД и Северна Кореја нема да прераснат во вистински судир. Ова може да доведе до состојба да не биде само помеѓу тие две земји. Тоа би можело да иницира многу други закани. Се надевам дека во врска со тоа прашање ќе биде постигнато политичко решение“, рече Ердоган.
Турскиот претседател истакна дека на размислување поттикнуваат и заканите кои ги упатуваат оние кои често во изјавите се спротивставуваат на развојот на нуклеарното оружје.
„Ако ја погледнеме општата слика можеме да видиме дека оние кои не им пружаат можност за развој на нуклеарното оружје на помалку развиените земји, настојуваат да се закануваат со немилосрдна употреба на таков вид на оружје. Значи, ти може да имаш нуклеарно оружје, а другите не можат. Ниту тоа не е можно да се разбере“, истакна Ердоган.