Sarp Özer
28 Јануари 2018•Ажурирај: 29 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за одбрана, Нуретин Џаникли, истакна дека целата муниција што ја користи турската војска е од домашно производство и додаде дека резервите со муниција се полни и доволни за расчистување на тероризмот во сите области, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Сета муниција што ја користи нашата славна војска во операцијата во Африн е од домашно производство. Резервите со муниција ни се полни и доволни не само за расчистување на тероризмот во Африн, туку во сите области, продолжуваме со производството“, напиша Џаникли во објава на Твитер (Twitter), и наброја неколку видови муниција и оружје што се произведуваат од страна на турските компании.
Тој додаде дека бомбите користени во авионите од типот Ф-16 исто така се произведувани од страна на турски компании.
„Турција пред 15 години, речиси сите овие системи за оружје и муниција беше принудена да ги купи од странство. Денес самите ги произведуваме. Пред 15 години стапката на користење домашни производи беше 18 отсто, додека денес е околу 70 отсто“, вели Џаникли, истакнувајќи дека овие податоци ги вознемируваат и ќе продолжат да ги вознемируваат некои страни.